• четврток, 07 ноември 2024

Нови 526 случаи на Ковид-19, пријавени 28 починати

Нови 526 случаи на Ковид-19, пријавени 28 починати
Скопје, 23 септември 2021 (МИА) -  Регистрирани се 526 нови случаи на КОВИД-19 од направени 3.632 тестирања согласно податоците на Институтот за јавно здравје за последните 24 часа, оздравени се 830 пациенти, а пријавени се 28 починати, соопшти вечерва Министерството за здравство. Најмногу нови заразени има во Скопје – 245, по што следат Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и Гевгелија – по 9, Свети Николе – 8, Виница и Валандово – по 6, Струга и Ресен – по 5, Кратово – 4, Радовиш, Берово и Пробиштип – по три, Делчево и Демир Хисар – по два, Неготино, Дебар, Демир Капија и Македонска Каменица – по еден. -Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: девет починати лица се од Скопје (83г, 83г, 77г, 76г, 74г, 63г, 57г, 51г и 42г), две од Куманово (63г и 60г) и по едно починато лице од Велес (75г), Кратово (42г) и Кичево (42г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови, стои во соопштението од Министерството за здравство. Дополнително, наведуваат, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 14 лица, со датум на смрт во период од 02.09.2021 до 17.09.2021 година. Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите се на возраст од 37-92 години, од кои седум лица починале во болнички услови, додека другите седум лица се починати во домашни услови. Од оздравените пациенти во Скопје се 250, Струга – 186, Охрид – 103, Струмица – 91, Куманово – 28, Тетово – 22, Кичево – 18, Кавадарци – 17, Велес, Штип и Битола – по 12, Кочани – 10, Прилеп и Гостивар – по 9, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Берово – по 6, Кратово и Дебар – по 5, Ресен, Радовиш, Пробиштип, Делчево, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Виница и Богданци - по 1. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188 635 на оздравени пациенти е 169 946, а на починати е 6 539. Бројот на активни случаи изнесува 12.150. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 81913, Активни 5696 Куманово 11158, Активни 931 Тетово 10778, Активни 959 Прилеп 8963, Активни 295 Гостивар 7942, Активни 507 Битола 6989, Активни 257 Велес 6098, Активни 305 Охрид 5863, Активни 474 Кавадарци 5794, Активни 212 Струмица 5643, Активни 323 Штип 5611, Активни 242 Кичево 3903, Активни 412 Струга 3768, Активни 359 Кочани 3168, Активни 132 Гевгелија 2376, Активни 80 Неготино 2301, Активни 43 Свети Николе 1846, Активни 111 Ресен 1523, Активни 108 Радовиш 1492, Активни 112 Дебар 1445, Активни 123 Крива Паланка 1379, Активни 74 Берово 1203, Активни 33 Делчево 1113, Активни 67 Виница 1017, Активни 52 Пробиштип 903, Активни 44 Валандово 800, Активни 34 Богданци 544, Активни 16 Кратово 541, Активни 51 Крушево 518, Активни 15 Македонски Брод 463, Активни 32 Демир Хисар 430, Активни 20 Демир Капија 407, Активни 5 Пехчево 310, Активни 6 Македонска Каменица 294, Активни 19 Дојран 139, Активни 1.лв/аа/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан