• понеделник, 23 декември 2024

Нови протести во Индија поради законот за државјанство

Нови протести во Индија поради законот за државјанство
Њу Делхи, 24 февруари 2020 (МИА) - Индиската полиција употреби денеска солзавец и димни бомби за да ги растера илјадниците демонстранти во Њу Делхи, кои протестираат поради новиот закон за државјанство, непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на тој град. Во последните два месеца во Њу Делхи, но и во другите индиски градови, се одржуваат протести поради спорниот закон. До конфликт дошло кога стотици граѓани, кои го поддржуваат законот, се судриле со оние кои се против него и меѓусебно се гаѓале со камења. Законот за државјанство е спорен бидејќи многумина сметаат дека е дискриминаторски кон муслиманите и дека администрацијата на индискиот премиер Нарендра Моди ја поткопува индиската секуларна традиција. гт/

Остани поврзан