• четврток, 21 ноември 2024

Нова понуда на Ер Србија - „Keep Boarding“

Нова понуда на Ер Србија - „Keep Boarding“
Белград, 20 јули 2020 (МИА) - Српската национална авиокомпанија Ер Србија започна програма за вмрежување и јакнење на домашната туристичка понуда, под името „Keep Boarding“, со цел на патниците да им овозможи атрактивни попусти за различни услуги за време на престојот во Србија. Патниците кои ќе ја зачуваат бординг картата од летот на Ер Србија, со кој пристигнале во Белград, ќе имаат можност да остварат попусти на хотелско сместување, услуги во ресторани и кафулиња, туристички атракции, посета на музеи и превозни услуги, соопшти авиокомпанијата. - Сакавме да креираме дополнителна вредност за патниците и да им овозможиме за цена на картата да добијат комплетно уживање при патувањето, а не само превоз до дестинацијата. Целта ни е, исто така, да придонесеме за побрзо закрепнување на угостителскиот сектор, кој, како и авио индустријата, е еден од најзагрозените поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави Јиржи Марек, директор за комерцијала и стратегија на Ер Србија. За остварување на привилегиите и попустите, на патниците им е потребна само оригинална бординг карта од летот на Ер Србија, која, во рок од една недела од пристигнувањето во Србија, заедно со личните документи, ќе ја покажат на избраното место. Бординг картата може да ја користи само сопственикот, а семејствата, со ставање на увид на една бординг карта, остваруваат право на попуст за сите членови. гт/

Остани поврзан