• понеделник, 01 јули 2024

Нова опрема пристигна во Општата болница во Кичево

Нова опрема пристигна во Општата болница во Кичево
Кичево, 9 јули 2021 (МИА) - Дел од опремата што ја обезбеди Министерството за здраство пристигна и во Општата болница во Кичево и ќе биде наменета првенствено за третирање на  заболените од КОВИД-19, потврди директорот на Општата болница  Станко Трпески. -Општата болница Кичево од денес е збогатена со нова опрема што ја обезбеди Министерството за здраство. Се работи за нов мобилен ехо апарат и мобилни респиратори и тоа два инвазивни и  четири  неинвазивни   респиратори. Очекуваме наскоро  во нашиот ковид центар да пристигне и мобилен ренген апарат со што ќе се олесни дијагностиката и третирањето на болните од ковид 19 ,згрижени во нашата болница, истакна Трпески. Директорот е песимист во однос на бројот на новозаболени во текот на летото, со почетокот на свадбите и пристигнувањето на печалбарите. -Ние во моментов веќе имаме сомнителен случај на инфициран со делта сојот. Тестирањето ќе потврди дали се работи за овој вид мутиран вирус или не. Но ако се има во предвид дека доаѓањето на печалбарите и многубројните свадби кои се очекуваат летово, нема да биде никакво изненадување  повторно бројот на новозаболени во нашата општина забрзано да порасне со доминантно мутиран вирус, додава Трпески. Тој најави скорешно поставување и на нов компјутеризиран томограф во Општата болница. -До крајот на ова лето во нашата болница ќе биде инсталиран и нов компјутеризиран томограф обезбеден од стана на Министертвото за здраство. Деновиве се работи на изградба на специјална комора каде ќе биде сместен томографот.Апарат ќе ја подобри дијагностиката во нашата болница а нашите пациенти за вакви снимања ќе нема потреба да одат надвор од Кичево.Персонално сме добро покриени и ќе можеме во целост да одговориме на зголемените обврски- додава директорот Трпески. за/аа/

Остани поврзан