• сабота, 06 декември 2025

Нова „деветка“ во Реал Мадрид

Нова „деветка“ во Реал Мадрид

Мадрид, 5.август 2025 (МИА) - Заминувањето на Лука Модриќ од Реал Мадрид направи лавина на промена на броевите на дресовите. Бројот 10 остана слободен и очекувано оваа бројка ја зема првата ѕвезда на тимот Килијан Мбапе. Тоа автоматски значеше дека број 9 остана без сопственик. Како играчи од нападот Ендрик и Гонзало Гарсија се вбројуваа како главни кандидати. 

Гарсија во текот на летото беше во подобра форма, додека Ендрик важи за поголем талент.

Нов сопственик на дресот со број 9 е Гарсија, по одличните настапи на Светското клупсо првенство. На шест натпревари постигна четири голови. Ова значи дека тој ќе биде дел од првиот тим и нема да биде регистриран за резервниот состав Кастиља. 

Оваа одлука може да се смета и како историска бидејќи по подолго време шпански фудбалер ќе го носи дресот со број 9.  мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан