• петок, 05 декември 2025

Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот

Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот

Скопје, 11.јули 2025 (МИА) - Домашните ракометни натпреварувања стартуваат и оваа сезона со „пресметката“ на шампионот и победникот во купот во рамки на Супер купот. Тоа ќе биде уште една пресметка на големите ривали Еурофарм Пелистер и Вардар.

Натпреварот ќе се игра на 3.септември, а останува дополнително да биде одредено место каде ќе се игра натпреварот. 

На седумте досега одиграни натпревари во рамки на Супер купот Вардар има четири пехари, Еурофарм Пелистер два и еден Алкалоид.  Последното издание се играше во Гевгелија, а Алкалоид славеше победа над Еурофарм Пелистер.      мн/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан