• вторник, 26 ноември 2024

Новата индиска претседателка положи заклетва

Новата индиска претседателка положи заклетва
Њу Делхи, 25 јули 2022 (МИА) - Новата индиска претседателка Дроупади Мурму, која доаѓа од маргинализирана племенска заедница, денеска положи заклетва и истакна дека нејзиниот избор е „достигнување за секое сиромашно лице во земјата“. Изборот на Мурму се смета како важен гест на добра волја на премиерот Нарендра Моди за заедниците што сочинуваат над осум отсто од населението во Индија од 1,4 милијарди луѓе, а сè во очи на општите избори во 2024 година. Мурму, поранешна наставничка и државна министерка од партијата на Моди, БЈП, е втора жена што стана претседателка на Индија. Таа е родена во сиромашно семејство во племето Сантал, во источната земја Одиша. Минатата недела членови на Парламентот и претставници на индиски држави ја избраа Мурму за претседателка. Таа треба да остане на највисоката државна позиција наредните пет години. - Мојот избор е доказ дека сиромашните во Индија може да имаат соништа и да ги остварат, нагласи Мурму. Изборот на Мурму, Моди го опиша како пресвртница за Индија, „особено за сиромашните, маргинализираните и угнетените“. Претседателот на Индија е врховен командант на војската, но премиерот ја има извршната власт во земјата. бд/

Остани поврзан