• понеделник, 18 ноември 2024

Николоски: Врвот на партија е следен физички и телефонски од страна на параполициски структури

Николоски: Врвот на партија е следен физички и телефонски од страна на параполициски структури
Скопје, 22 мај 2020 Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес имаше интервју за вестите на ТВ Алфа каде што посочи Македонија се соочува со тотално фијаско со справување со корона вирусот. Според Николоски причината за лошата состојба во државата е тоа што Заев и Владата на СДСМ со корона вирусот решија да се справуваат политички, а не стручно. Показател за нестручното во справување со кризата посочи дека се бројките на заболени и фактот што во Македонија смртноста од вирусот е највисока во регионот. „За жал Македонија се соочува со целосно тотално фијаско во однос на справувањето со корона вирусот и тоа е така затоа што власта Зоран Заев и неговата екипа решија со корона вирусот да се справуваат политички, а не стручно. Само една споредба на 17 март кога се прогласи вонредната состојба во Македонија заради корона вирусот и нели сите донесовме одлука дека треба да се одложат закажаните избори за 12 април, тој ден имало регистрирано 36 новозаболени. Вчера имаше регистрирано 40 новозаболени. Значи на 17 март 36 новозаболени, вчера 40 новозаболени што покажува дека во целиот овој период од 2 ипол месеци наместо ситуацијата да се подобрува, ситуацијата се влошува. 2 ипол месеци подоцна имаме повеќе заболени отколку на почетокот на вонредната состојба, што покажува едно тотално фијаско. Ако ги видите сите други држави бројките се едноцифрени, дури и во многу поголеми држави од Македонија, на пример Хрватска има по еден или два дневно што нема споредба со ова што се случува во Македонија. А по број на мртви Македонија за жал е на неславниот врв и има најголем број на мртви на милион жители, што само кажува со какво фијаско се соочуваме. Дополнително на тоа имаме недоволен број на тестови, затоа што мислам ако повеќе се тестира бројките ќе се многу, многу повисоки од ова што е сега, што покажува со каква неспособна власт имаме работа и со какво здравствено фијаско се соочуваме. Тоа е така затоа што мислат само како помалку да изгубат на изборите па покрај тоа што не следат решаваат и да манипулираат со луѓето и да направат избори во време на една ваква пандемија“, нагласи Николоски. Николоски во гостувањето во вестите во Алфа истакна дека врвот на партија е следен физички и телефонски. „Веќе подолг временски период имаме сомнеж, а и информации од луѓе кои и мислат добро на демократијата во државата би рекол свиркачи од ражни институции кои што доставуваат информации до нас дека највисокот раководство на партијата, врвот на ВМРО-ДПМНЕ е под постојан надзор и тоа физички надзор, како и телефонски и коумникациски надзор“, појасни Николоски. Николоски посочи дека тоа е недеморатски и незаконски и изрази сериозен сомнеж дека тоа го прават параполициски структури што е целосно нелегално. Овие параполициски структури според него се контролирани од политички, а не од страна на безбедносен центар.   Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан