• вторник, 13 јануари 2026

Николоски објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево каде 40 километри се ставени во функција

Николоски објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево каде 40 километри се ставени во функција

Скопје, 6 јануари 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 км од автопатот се ставени во функција.

-Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид - Кичево. Четириесет километри се веќе во функција.Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим - Охрид за овој Божиќ, напиша Николоски на Фејсбук.

Тој честита на сите вредни работници кои се посветиле на неговата изградба.

-За многу години Божиќ и Бадник!, објави вицепремиерот Николоски. нд/

Остани поврзан