• петок, 05 декември 2025

Николоски: Обвинителството да го повика Сотир Ампов и да истражи како е во комуникација со Артан Груби, помагање на бегство од правдата е кривично дело

Николоски: Обвинителството да го повика Сотир Ампов и да истражи како е во комуникација со Артан Груби, помагање на бегство од правдата е кривично дело

Струмица, 5 октомври 2025

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4, се обрати на денешниот народен митинг во општина Ново Село, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, чиј слоган е Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Николоски се осврна на актуелниот лидер на СДС, Венко Филипче, при што истакна дека Филипче наоѓа договори, а сумата не ја споменува од причина што истата таа сума Филипче ја троши за 5 дена за неговата јахта. И покрај се ова, според Николоски, Филипче јавно кажува дека е во комуникација со Артан Груби, бегалец од правдата, Зоран Заев, а го изостава Сотир Ампов, човек кој што имал фабрика за долен веш, а потоа наеднаш добива работа за надзор на изградба на автопати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од обраќањето на Николоски, што МИА го пренесува интегрално.

,,Венко Филипче вчера, нашол еден договор во железница на цели 45 илјади евра, внимавајте сумата не ја кажуваат, затоа што 45 илјади евра, Венко за јахтата троши отприлика за 5 дена, ако прави подолга дестинација или побрзо ја вози за 3 отприлика одат само за бензин“, кажа Николоски и додаде:

,,И велат еве тоа е доказот, дека тоа што го правеле додека биле на власт било добро, затоа што и ВМРО-ДПМНЕ со истата компанија потпишала договор. И се фатија за железница која што ја оставија минатата година опустошена. Во двете железнички претпријатија преку 3000 луѓе без плата“.

Николоски посочи дека Филипче, случајно или не, го изоставил Сотир Ампов, кого го нарече главна фигура во целиот конзорциум. Тој додаде дека и покрај очигледните сомнежи, обвинителството веќе една година избегнува да го истражува Ампов.

,,Случајно или не, Венко Филипче вчера заборави да го спомене главниот во целата таа композиција, во целиот тој конзорциум како што го нарекуваа. Оној кој што имаше фабрика за долен веш, ама наеднаш почна да добива работа за надзор на изградба на автопати. И случајно или не, вчера заборави Сотир Ампов да го спомене, неговото семејство и двете нивни фирми коишто случајно или не, обвинителството еве една година одбегнува да ги истражува. Би сакал да ги повикам конечно да почнат тоа да го прават“, истакна Николоски.

Според Николоски, обвинителството треба да испита како може Филипче да биде во комуникација со бегалец од правдата. Тој исто така нагласи дека токму поради ваквите случаи на злоупотреби и сомнителни врски, на претстојните локални избори граѓаните треба масовно да излезат и да стават крај на, како што вели тој, криминалната банда на СДС.

,,А паралелно истиот тој случајно или не, се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби. Па ако не истражуваат за начинот на којшто работеле во минатото еве од обвинителството, нека истражат како е тоа тој човек во комуникација со бегалец од правдата и мислам дека час поскоро, минута поскоро после ова што го кажувам треба да го повикаат, барем на разговор во обвинителството , затоа што помагање на бегство е исто така кривично дело“, заклучи Николоски.

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4 во рамки на денешните митинзи во струмичкиот крај имаше свои обраќања во рамки на изборната кампања чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври годинава. Николоски зборуваше здравството во земјава, поконкретно како сегашниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, комплетно го уништи здравството за време на неговиот мандат како министер за здравство како дел од претходната власт на СДС и ДУИ.

,,Целосно го уништија здравството, здравство кое што беше целосно во колапс и на колена. Ја злоупотребија најголемата криза, корона кризата. Кога луѓе умираа секој ден за да вршат набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг. Купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од она што беше реално. И последни, последни во цел регион обезбедија заштита на народот, мораше да чекаме донации од соседни држави за да почне народот да се спасува“, вели Николоски.

Николоски потсети и на случајот Онкологија, веледрогеријата Пановски, инаку позната по тендерите за Онкологија, и случајот со хематологија, за кој обвинителството не презема никаква мерка.

,,Тоа е истиот Венко Филипче, на кој што му се случи Онкологија. Но и таму, види чудо, има судски спор за лекарски грешки, ама нема судски спор или барем истрага на обвинителството за начинот на кој што веледрогерија Пановски, на пример, ги добиваше тендерите во истата таа Онкологија. А за хематологија воопшто не сакаат ни да чепнат“, рече Николоски.

Тој го посочи и случајот со модуларната болница во Тетово, а и потсети дека Македонија беше рекордер по смртност за време на ковид кризата, под покровителство на Венко Филипче.

,,Да не зборуваме за она што го направија со модуларната болница во Тетово и 14 изгубени човечки животи. Да се потсетиме дека Македонија беше рекордер по смртност во 2020,2021 и 2022 година, затоа што освен реклама ништо друго не направија за да го заштитат народот од корона кризата“, заклучи Николоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан