• петок, 05 декември 2025

Николоски го отвори Виена економскиот форум

Николоски го отвори Виена економскиот форум

Виена, 16 ноемрви 2025, (МИА) 

Ја имав честа да го отворам Виена економскиот форум, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Виенскиот економски форум (VEF) ја поттикнува економската соработка меѓу земјите од регионот „од Јадран до Црно Море“ и ги обединува бизнис-заедницата, институциите и политичките чинители со фокус на развој на заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и иновациите.

VEF е значајна платформа за регионален економски дијалог и активно придонесува кон подобрување на деловната клима и привлекување инвестиции во регионот, пишува Николоски во својата објава.

 

Остани поврзан