• недела, 18 јануари 2026

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Казабланка, 17. јануари 2026 (МИА) – Репрезентацијата на Нигерија го освои бронзениот медал на АФКОН откако во „малото финале“ по изведување на пенали го совлада Египет со 4:2 на пенали откако во регуларниот дел дуелот заврши 0:0.

Нигерија беше поблиску до победата и во регуларниот дел откако во првото полувреме им беше поништен гол поради фаул и по прегледување на ВАР снимката.

Во серијата пенали првите играчи на Египет Мохамед Салах и Омар Мармуш не ги реализираа првите два пенала во серијата што се покажа како решавачко, па Нигерија стигна до триумф од 4:2 на пенали.

Утре во финалето на АФКОН за титулата првак на Африка ќе играат домаќинот Мароко и Сенегал. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан