• петок, 05 декември 2025

Нејмар најзаслужен за победата на Сантос

Нејмар најзаслужен за победата на Сантос

Сао Паоло, 29.ноември 2025 (МИА) – Поранешниот играч на Барселона и ПСЖ, Бразилецот Нејмар беше најзаслужен за победата (3:0) на неговиот тим Сантос во дуелот со Спорт Рекифе. Тој и покрај препораките на лекарите поради повреда на коленото да не настапува, го облече дресот на Сантос и со капитенската лента ја предводеше својата екипа.

Голот за водство Нејмар го постигна во 25.минута, а беше асистент на третиот гол за Сантос во 67.минута. Во 90.та минута капитенот беше заменет.

- Физички сум добар, се чувствувам се подобро. Повредата е непријатна, но нема да ме спречи да играм. Сега е време да размислувам за Сантос, изјави Нејмар по натпреварот.

Неговата екипа со новите три бодови е на 16.место на табелата со се поголеми шанси за обезбедување опстанок во бразилскиот шампионат, каде остануваат да се играат уште две кола. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан