• петок, 22 ноември 2024

Неформално дружење со членовите на Специјалната олимпијада кои освоија пет медали во Берлин

Неформално дружење со членовите на Специјалната олимпијада кои освоија пет медали во Берлин

Скопје, 10 јули 2023 (МИА) - Во АТК_премиум клубот во Скопје денеска ќе се одржи заедничко неформално дружење со атлетите на Специјална Олимпијада на Македонија и нивните тренери, кои се вратија од последната Светска Олимпијада во Берлин со освоени пет медали.

На настанот ќе се обратат Бранко Грегановиќ, претседател на Управен одбор, на НЛБ Банка Скопје, која ја поддржува Специјалната олимпијада на Македонија, и Моника Бошкоска, Претседател на Специјална Олимпијада на Македонија. ев/мд/

ФОТО: МИА Архива 

 

Остани поврзан