Независен синдикат на професионални војници бара од МО поголеми плати за минимум 30 проценти
- Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје поднел барање до Министерството за одбрана за решавање на децениски проблем на професионалните војници, а тоа е правото на пензионирање, како и останатиот активен воен персонал, трансформирање на работниот однос на неопределено време како кај сите работници во државата и покачување на платата од минимум 30 проценти на сите професионални војници.
Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје поднел барање до Министерството за одбрана за решавање на децениски проблем на професионалните војници, а тоа е правото на пензионирање, како и останатиот активен воен персонал, трансформирање на работниот однос на неопределено време како кај сите работници во државата и покачување на платата од минимум 30 проценти на сите професионални војници.
- Овие барања се од суштинско значење за функционирање како спремна, морална и јака Армија. Овие недорешени проблеми се само уназадување на Армијата и на нејзиниот човечки потенцијал, бидејки професионалните војници земаат и до 30 проценти помала плата од цивилниот дел од Армијата, што предизвикува огромно незадоволство покрај другите неостварени права, како што е работниот однос кој трае 25 години на определено време и решението на статусот пензионирање како што е кај професионалните војници во другите НАТО земји, соопштија денеска од Независниот синдикат на профеисонални војници.
Како што посочуваат во соопштението, време е Министерството за одбрана да обрне повеќе внимание за професионалните војници кои се столбот на одбраната и најбројна категорија работници во МО и Армијата.
- Професионалните војници ја заслужуваат почитта од државата и од тие кои секојдневно ги спомнуваат дека се гордоста на Република Македонија, подвлекуваат од Независниот синдикат на профеисонални војници. цр/са/
Фото: Независен синдикат на професионалните војници