• понеделник, 23 декември 2024

Неексплодирана муниција заостаната од вежби на Криволак, причина зошто не се гасне пожарот од земја

Неексплодирана муниција заостаната од вежби на Криволак, причина зошто не се гасне пожарот од земја
Неготино, 25 јули 2022 (МИА) - Непристапноста на теренот и можната опасност да експлодира неексплодирана муниција, што е можно да е заостаната од претходни вежби, е причина зошто не може да се пристапи кон гасење на пожарот од земја, изјави вечерва за МИА, м-р Илија Бојаровски од Центар за управување со кризи.
-Од командантот на полигонот сме информирани дека има мобилна екипа од полигонот Криволак, која го надгледува пожарот. Преку Центарот за управување со кризи немаат побарано ангажирање ниту на хеликоптер, ниту на дополнителни сили. Инаку, хеликоптерите имаат работна летечка температура што не дозволува да летаат на високи надворешни температури над 38 степени, а не летаат ноќе заради безбедносни причини. Тоа значи дека при високи надворешни температури при топло време и ноќе, не се дејствува со хеликоптерите на армијата, појасни Бојаровски.
Тој беше дециден дека пожарот се уште не е изгасен, но нема закана по населените места. свд/вг/

Остани поврзан