• недела, 17 ноември 2024

Небензја: Германија, Данска и Шведска го отфрлија предлогот на Русија за соработка во истрагата за саботажата на Северен тек

Небензја: Германија, Данска и Шведска го отфрлија предлогот на Русија за соработка во истрагата за саботажата на Северен тек

Њујорк, 14 март 2023 (МИА) - Германија, Данска и Шведска го отфрлија предлогот на Русија за соработка во истрагата за саботажа на гасоводите „Северен тек“, се вели во писмото на постојаниот претставник на Руската Федерација во Обединетите нации, Василиј Небензја, упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Советот за безбедност на ОН и Генералното собрание на светската организација.

Според Небензја, овие земји тврдат дека „руските власти се информирани за тековните истраги за предметниот акт на саботажа.

„Во реалноста, властите на Данска, Германија и Шведска ги отфрлија без никакво убедливо објаснување сите предлози за соработка во идентификувањето на сторителите на нападите на гасоводите и околностите поврзани со саботажата претставени од Руската Федерација“, вели Небензја во писмото. рп/

 

Остани поврзан