• понеделник, 23 декември 2024

На трката „Halk Velo Green“ собрани 184.500 денари за пошумување

На трката „Halk Velo Green“ собрани 184.500 денари за пошумување
Скопје, 22 септември 2021 (МИА) - Вкупно 233 велосипедисти учествуваа на велосипедската трка „Halk Velo Green“, која на 8 септември беше организирана од страна на Халкбанк АД Скопје. Велосипедистите преку плаќање котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 денари, наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото. Како што информираат од Халкбанк, овие средства од котизациите од пријавите за учество во трката, ќе бидат искористени за засадување на нови зелени површини на локации низ државата кои ќе бидат дефинирани во соработка со Македонски шуми. Со финансиските средства кои беа собрани од ланското учество се набавија 8 000 дрвја, со што беше направено пошумување во Свети Николе. Велосипедската трка се одржа вторпат, а има за цел да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесе кон зачувување на животната средина. Годинава, за учество во „Halk Velo Green“ првпат беше воведена категорија за деца од 6 до 12 години кои возеа 12 километри, како и категорија деца од 13 до 17 години кои возеа патека во должина од 22 километри. Возрасните лица, како и лани возеа патека во должина од 22 километри во две категории, ПРО и ХОБИ.бт/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан