• понеделник, 23 декември 2024

На територија на СВР Битола 59 санкции за брзо возење

На територија на СВР Битола 59 санкции за брзо возење

Скопје, 21 јануари 2023 (МИА) – Денеска во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 59 возачи. Од нив, 34 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 25 надвор од населено место.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

МВР информира дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголемиме безбедноста во сообраќајот. нд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан