• понеделник, 23 декември 2024

На семејството на Махса Амина му беше забрането да оди во Франција за доделување на наградата Сахаров

На семејството на Махса Амина му беше забрането да оди во Франција за доделување на наградата Сахаров

Техеран, 9 декември 2023 (МИА) - На родителите и братот на Махса Амина, млада Иранка со курдско потекло, која почина минатата година и постхумно требаше да ја добие наградата Сахаров, им е забрането да ја напуштат иранската територија,соопшти денеска нивниот адвокат, пренесува РСЕ.

- Ним им е „забрането да се качат во авионот и да заминат за Франција на доделување на наградата Сахаров“, додаде тој.

Родителите и братот на жртвата Махса Амини имале виза за заминување во Франција, но иранските власти им ги одзеле пасошите.

Махса Амини и иранското движење „Жени, живот, слобода“ се добитници на овогодинешната награда Сахаров на Европскиот парламент, која се доделува за слобода на мисла, говор и заштита на човековите права.

Махса Амини (22) беше приведена во Иран од полицијата за морал бидејќи наводно го прекршила строгиот кодекс на облекување на Иранките, односно шамијата не и била соодветно врзана. По тридневен притвор, на 16 септември минатата година, таа почина во болница во Техеран поради, како што се претпоставува, полициска тортура.

Нејзината смрт беше поттик за масовни протести низ Иран.

Доделувањето на наградата треба да се одржи на 13 декември во Стразбур. Наградата го носи името на рускиот научник и дисидент Андреј Сахаров, а е основана во 1988 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан