• понеделник, 23 декември 2024

На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Демир Капија и Струмица

На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Демир Капија и Струмица

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - На Попова Шапка утрово се измерени - 3 степени Целзиусови и 47 сантиметри снежна покривка, додека 7 степени се измерени со Демир Капија и Струмица.

Во Лазарополе се измерени -1 степен, 1 во Маврови Анови и во Крушево, 2 Тетово и Битола, 3 Берово, Претор, 4 Охрид, Крива Паланка и Прилеп, 5 степени се измерени во Гевгелија Кавадарци, Дебар и Скопје-Зајчев Рид и 6 степени во Штип, Виница и Велес. 

Во изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу наврнат воден талог 28 литри на метар квадратен имало во Струмица, 10 Гевгелија, 8 Берово, 7 Штип, 6 Кавадарци, Виница, 5 во Претор, 4 Битола, Прилеп, Дебар, 3 Попова Шапка, Лазарополе, Крива Паланка и 2 во Велес, Крушево и Охрид.

Висината на снежната покривка е 34 сантиметри во Маврови Анови и Крушево. 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд особено претпладне и од крајот на денот.

Максималната температура ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан