• вторник, 13 јануари 2026

На Олд Трафорд се подготвени за јануарскиот преоден рок

На Олд Трафорд се подготвени за јануарскиот преоден рок

Манчестер, 28. декември 2025 (МИА) – По триумфот во петокот над Њукасл во Манчестер Јунајтед се подготвуваат за претстојниот преоден рок. Навивачите очекуваат големи имиња, но заминувања на некои од играчите кои според нив не го заслужуваат дресот на тимот од Олд Трафорд.

Како прво име за засилување се споменува играчот на Нотингем Форест Елиот Андерсон, а меѓу потенцијалните засилување е и играчот на Оксер Ласине Синајоко. Неговиот договор со францускиот тим истекува на лето, но во Манчестер го посакуваат во јануари и управата на „црвените ѓаволи“ е веќе во преговори со агентите на играчот. На листата на засилувања се наоѓа и Рубен Невеш.

Во меѓувреме на „излезна врата“ се наоѓа Зиркзе, кој според италијанските медиуми е пред трансфер во Рома. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан