• петок, 22 ноември 2024

На Меѓународниот ден на Ромите, се завиори ромското знаме пред Општина Кичево

На Меѓународниот ден на Ромите, се завиори ромското знаме пред Општина Кичево
Кичево, 8 април 2021 (МИА) - Меѓународниот ден на Ромите 8 Април, во Кичево беше одбележан со традиционално подигање на ромското знаме на јароболот пред општинската зграда, откако знамето  на градоначалникот Фатмир Дехари му го подари тим лидерот на АВАЈА за Кичево, Сенад Ибраимоски. По предавањето на ромското знаме на првиот човек на општината,  Ибраимоски упати пофални зборови до Општина Кичево и до градоначалникот за нивната отвореност и придонес во подршката на ромската заедница од Кичево, имајќи ја предвид  досегашната тесна соработка и посветеност на ромската заедница. Од таму информираа дека нема да се одржат традиционалните веселби во  ромската населба поради  пандемијата со Ковид 19. за/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан