• понеделник, 23 декември 2024

На Малта регистриран прв случај на заболен со мајмунски сипаници

На Малта регистриран прв случај на заболен со мајмунски сипаници
Ла Валета, 28 мај 2022 (МИА) -  Министерството за здравство на Малта денеска соопшти дека во таа земја е забележан првиот случај на мајмунски сипаници. Маж на возраст од 38 години, кој неодамна престојувал во една од земјите погодени од епидемијата на мајмунски сипаници, е во домашна изолација со благи симптоми. Малтешките здравствени власти ги повикуваат граѓаните да одржуваат добра хигиена. Оваа недела, министерот за здравство на Малта, Крис Ферн, рече дека тие сипаници не се „уште еден ковид“ и истакна дека властите се добро подготвени да се справат во случај на избувнување епидемија. зш/

Остани поврзан