На ГП Табановце се чека 40 минути за влез и излез од државата
- Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и за излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања, информира АМСМ.
![На ГП Табановце се чека 40 минути за влез и излез од државата](https://new.mia.mk/images/20230826200106_big_730x400_5.webp )
Скопје, 26 август 2023 (МИА) – Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце се чека околу 40 минути за влез и за излез од државата. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.вј/
Фото: МИА архива