• петок, 22 ноември 2024

На автопатот Куманово-Скопје-Велес санкционирани 116 возачи поради брзо возење

На автопатот Куманово-Скопје-Велес санкционирани 116 возачи поради брзо возење
Скопје, 18 септември 2021 (МИА) - На автопатот Куманово-Скопје-Велес денеска се санкционирани 116 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при засилената акциска контрола на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот, санкционирани биле 18 возачи кои возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а тројца дури над 70 километри на час над дозволеното.
Од МВР потсетуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. ар/нд/

Остани поврзан