• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 59 жртви во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките

Најмалку 59 жртви во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките
Сеул, 29 октомври 2022 (МИА) - Најмалу 59 луѓе ги загубија животите и 150 се повредени денеска во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба. Службата соопшти дека 140 амбулантни возила биле распоредени за да им помогнат на луѓето на местото на настанот. Агенцијата Јонхап објави дека околу 50 луѓе имале срцев удар во кварт во Сеул, каде неколку илјади луѓе ја прославувале Ноќта на вештерките. Јужнокорејски медиуми објавија фотографии од луѓе кои лежат на улица додека спасувачките служби им помагаа, а полицијата ја сузбива толпата. Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ги повика болниците да бидат подготвени да примат пациенти. зш/

Остани поврзан