• петок, 22 ноември 2024

Најмалку 35 жртви во автобуска несреќа во Зимбабве

Најмалку 35 жртви во автобуска несреќа во Зимбабве
Хараре, 15 април 2022 (МИА) - Најмалку 35 лица загинаа во автобуска несреќа во Зимбабве, кои патувале на Велигденски настан, јави ДПА. Портпаролот на полицијата Пол Нијати денеска соопшти и за 71 повреден патник, 13 во потешка состојба. Автобусот превезувал над 100 лица, членови на ционистичка црковна заедница, на богослужба. Но, излетал од патот и се излизгал по падината, во југоисточниот град Чипинг, во раните утрински часови, појасни Нијати. Автобусот имал околу 60 седишта и бил претоварен. Зимбабве има лоши патишта и лошо одржувани возила, а брзото возење е вообичаено, пишува германската агенција. бд/ сд/
 

Остани поврзан