• вторник, 24 декември 2024

Најмалку 25 загинати во пожар на градилиште во Јужна Кореја

Најмалку 25 загинати во пожар на градилиште во Јужна Кореја
Сеул, 29 април 2020 (МИА) - Во пожар кој денеска изби на градилиште во Јужна Кореја загинаа најмалку 25, а повредени се седум лица, објави државната новинска агенција Јонхап. Сите жртви се работници кои граделе магацин во градот Ичеон, кој се наоѓа на околу 80 километри југоисточно од Сеул. Претставник на локалната пожарникарска служба истакна дека се уште не е утврден точниот број на загинатите и не ги потврди наводите на Јонхап. Според првичните информации, причина за пожарот била експлозија која се случи додека работниците поставувале изолација со запалив материјал во подземниот дел на магацинот. гт/

Остани поврзан