• петок, 15 ноември 2024

Најмалку 22 Палестиници загинаа во Газа

Најмалку 22 Палестиници загинаа во Газа

Газа, 13 ноември 2024 (МИА) - Најмалку 22 Палестинци загинаа денеска во израелски напади ширум Појасот Газа, а во Либан повторно мета беа јужните предградија на Бејрут, од кои повеќето жители беа евакуирани.

Израелските сили го продлабочија својот упад во Беит Ханун, во северниот дел на Газа, принудувајќи голем дел од преостанатото население да замине.

Жителите рекоа дека засолништата за раселените семејства и преостанатото население биле опколени и им било наредено да одат на југ преку контролниот пункт.

Мажите беа приведени на испрашување, додека на жените и децата им беше дозволено да продолжат да одат кон главниот град Газа.

Воената операција на Израел во северниот дел на Газа и евакуацијата на десетици илјади луѓе од областа ги поттикна палестинските тврдења дека се расчистува за да служи како тампон зона за потенцијалното враќање на еврејските доселеници.

Израелската армија го негираше тоа, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не сака враќање на еврејските доселеници евакуирани од Газа во 2005 година.

Израелската војска денеска на социјалните мрежи објави дека наскоро ќе нападне цели во јужните предградија на Бејрут, предупредувајќи ги жителите. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан