• недела, 17 ноември 2024

Најмалку 10 Палестинци загинаа во израелски напад врз училиште во градот Газа

Најмалку 10 Палестинци загинаа во израелски напад врз училиште во градот Газа

Газа, 3 август 2024 (МИА) - Најмалку 10 Палестинци се убиени денеска во израелски напад врз училиште во кое се сместени раселени лица во населбата Шеик Радван, во градот Газа, соопшти владината канцеларија за медиуми во палестинската енклава.

Израелските сили извршија напади врз неколку домови во јужниот и централниот дел на Појасот Газа, а три жени и едно дете беа убиени во Кан Јунис, јави палестинската агенција Вафа.

Во два напади со беспилотни летала во Тулкарем, на окупираниот Западен Брег, израелските сили убиле најмалку девет лица, вклучително и еден командант на Хамас.

Ал Џазера пренесува дека истовремено, стотици Палестинци протестираат на окупираниот Западен Брег повикувајќи на прекин на војната во Газа и фер третман на палестинските затвореници во израелските затвори.

Протестите почнаа откако израелската воена полиција приведе девет нејзини војници за наводно мачење и сексуално злоставување на палестински затвореници, а на осуммината приведени им се суди.

Палестинското Министерство за здравство денеска излезе со податокот дека  од 7 октомври во израелските напади во Појасот Газа загинале 39.550 Палестинци, додека бројот на ранети е 91.280.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан