• петок, 05 јули 2024

Најмалку 10 жртви во пожар на Малдивите

Најмалку 10 жртви во пожар на Малдивите
Мале, 10 ноември 2022 (МИА) - Најмалку 10 лица загинаа во пожар што зафати дом на работници мигранти во Мале во раните утрински часови, соопштија одбранбените сили на Малдивите, пренесе германската новинска агенција ДПА. Пожарот изби во гаража на приземје, за потоа да се прошири на првиот кат, каде се наоѓаа просториите на работниците. Во зградата беа сместени 38 работници, најголем дел од нив индиски државјани, но и лица од Шри Ланка и од Бангладеш. Според одбранбените сили, вкупно 28 лица се спасени и пренесени на безбедна локација. Некои од телата се јагленисани, што ја отежнува идентификацијата на жртвите. Истрагата е во тек. бд/сд/

Остани поврзан