• недела, 22 декември 2024

Најмалку девет лица загинаа во воздушен напад во јужна Сирија

Најмалку девет лица загинаа во воздушен напад во јужна Сирија

Дамаск, 18 јануари 2024 (МИА) - Најмалку девет лица, меѓу кои две деца и најмалку три жени, се убиени денеска во воздушен напад врз селото Орман во јужната сириска провинција Ал Суваида, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, додавајќи дека нападот најверојатно бил извршен од јорданската авијација.

Шефот на Опсерваторијата, Рами Абдурахман, рече дека убиените луѓе немаат никаква врска со прекуграничниот шверц на дрога што постои во областа.

Тој сугерираше дека јорданските воздухопловни сили можеби добиле неточни разузнавачки информации од локалното население.

Од Јордан нема потврда за нападот што го пријавија сириските опозициски активисти.

Шверцерите го користеа Јордан како коридор во последниве години заради криумчарење на амфетамин каптагон кој предизвикува голема зависност, од Сирија во арапските заливски држави. ссм/

фото: архива

Остани поврзан