• понеделник, 25 ноември 2024

Свечена академија по повод 65-годишниот јубилеј на ФЕИТ

Свечена академија по повод 65-годишниот јубилеј на ФЕИТ

Скопје, 18 јуни 2024 (МИА) - Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје вечер ќе одржи Свечена академија по повод одбележување на својот 65-годишен јубилеј.

На академијата, како што најавуваат организаторите, треба да се обратат Владимир Атанасовски, декан на ФЕИТ, Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, како и  претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска – Давкова. 

По завршување на Академијата ќе бидат промовирани и дипломираните инженери и магистри на Факултетот. сст/са/

фото МИА архива

 

 

 

Остани поврзан