• петок, 22 ноември 2024

„Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“ - Денови на италијански дизајн во Скопје

„Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“ - Денови на италијански дизајн во Скопје

Скопје, 14 март 2024 (МИА) – Деновите на италијански дизајн во Скопје на тема „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“ започнуваат денеска во Сули ан, со макстерклас на Лука Боскардин, италијански дизајнер на играчки и илустратор за многу италијански и интернационални брендови како StudioRoof, Corriani, MonPetitArt, Arbos, George Magazine e Philips Design.

Дел од активностите за деновите на италијански дизајн во Скопје што ги организираат Амбасадата на Италија и ИТА - Italian Trade Agency, преку кои се промовира уникатноста и врвниот квалитет на италијанскиот дизјан се и изложбата на ADI Design Museum, која, исто така, ќе биде отворена денеска во Чифте амам.

Изложбата е посветена на 140 години од првото издание на „Авантурите на Пинокио“, која содржи избор на дизјанерски проекти на италијански компании направени специјално за изложбата кои ја потврдуваат способноста на италијанскиот дизајн да креира безвременски слики и предмети, и го слават митот за Џепето, првиот италијански дизајнер.

На 15 март, во Ист Гејт Мол ќе се одржи модна ревија на која ќе бидат претставени најновите колекции на италијанските брендови ARMANI EXGANGE, PATRIZIA PEPE, TWIN SET, DAN JOHN, ERREA, REBECCA, JUST CAVALLI, FURLA, VERSACE, BENETTON со која ќе се отвори 28. сезона на Модниот викенд Скопје. ар/са/
Фото: ИТА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан