• вторник, 13 јануари 2026

Работилница за продукти и слики од рециклирани и органски материјали во Кочани

Работилница за продукти и слики од рециклирани и органски материјали во Кочани

Кочани, 17 декември 2025 (МИА) - Во организација на Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности „ОДОНАТА” од Кочани, денеска во ЦК „Бели мугри“ ќе се одржи културно-уметнички настан насловен „Репродуктивна уметност и дизајн со инспирација од шпанската естетика – Создавање на органски врски со традиционални состојки од Кочани“, под покровителство на амбасадата на Kралството Шпанија во Република Северна Македонија. 

Проектот подразбира отворена работилница во која локални уметници и млади учесници ќе изработуваат продукти и слики од рециклирани и органски материјали, преку спој на уметноста, архитектурата и современиот дизајн, проследен со инспирација од шпанската естетика. 

Настанот започнува во 12 часот, а најавено е присуство на амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата држава. ис/са/

Фото: плакат „ОДОНАТА“

 

Остани поврзан