Промоција на три книги од Гордана Каракашевска Галеријата КО-РА
- Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во Галеријата КО-РА при Јавната установа Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, ќе бидат пртомовирани три книги од авторот Гордана Каракашевска под псевдонимот Ана Каракаш.
Скопје, 6 април 2024 (МИА) - Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, вечер во Галеријата КО-РА при Јавната установа Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, ќе бидат пртомовирани три книги од авторот Гордана Каракашевска под псевдонимот Ана Каракаш.
Станува збор за насловите „Сињор Џордано и...., „Скршен поет и други поеми“ и „Разголување“
Промотор и модератор на настанот е Елеонора Николовска, а стихови ќе чита: Елизабета К.Младеновска.
Промоцијата ќе почне во 18 часот во салон сутерен.
Во истиот салон во тек е групната изложба на дела по повод 2 Април - Светскиот ден на бајката и по повод Светскиот Ден на среќата - 20 Март, насловена „Бајката и бајковитото“ со поднаслов „Среќата - што е тоа“, наведуваат од Галеријата КО-РА. вг/са/
Фото: Галерија КО-РА