• петок, 05 декември 2025

Претставата за деца „Свадби на животни и нешта“ во КИЦ во Софија

Претставата за деца „Свадби на животни и нешта“ во КИЦ во Софија

Скопје, 25 април 2025 (МИА) - Вечер со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Културно-информативниот центар во Софија ќе биде прикажана претставата за деца „Свадби на животни и нешта“ на театарот „Сенки и облаци“ од Скопје. Претставата е создадена според истоимената книга на Раја и Георги Господинови.

-„Свадби на животни и нешта“ е приказна за невидливиот живот на предметите околу нас, за фантазиите во доцните попладневни часови, кога и малите и постарите се подготвени да смислуваат игри. Што би се случило ако... Се спојат кауч и крокодил, желка и шкаф, книга и сладолед, камила и чајник... Некои би рекле „чао и збогум“, други би посакале да создаваат мушички за жива ограда, кроко-каучи и камило-чајничиња, кои мирисаат на камилица и мед. Приказна која повикува: „Ајде, сега тебе ти е редот“, велат од КИЦ во Софија.

Креативен тим на претставата се Катерина Стефановска – актер, Александра Стојановска – актер, Дарко Богески – актер, Круме Стефановски - актер и музичар, Благородна Коцева Симјанов - дизајн на кукли, Ивона Ѓорѓиовска - дизајн на постер. Продукцијата е на Театар на сенки „СЕНКИ И ОБЛАЦИ“– Скопје

Сенки и облаци е театар на сенки од Скопје, С. Македонија и е пионер со сенки повеќе од 15 години. Нашата работа главно е фокусирана на промоција на театарот на сенки како уметничка форма и неговата висока културна вредност како и употреба на театарот на сенки како неконвенционална креативна и едукативна алатка за општествени теми. сст/нд/

Фото Македонски културно-информативен центар во Софија

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан