• петок, 05 декември 2025

Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје

Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје

Скопје, 15 септември 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на фабриката „Макстил“ ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје.

Како што информираат од МВР, уништувањето ќе се изврши во организација на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за управување со одземен имот и Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје. сст/бак/

Фото МИА архива

Остани поврзан