Народниот правобранител ќе ги презентира состојбите со човековите слободи и права во 2023 година
- Народниот правобранител Насер Зибери денеска на прес - конференција ќе ги презентира состојбите со човековите слободи и права во 2023 година.
![Народниот правобранител ќе ги презентира состојбите со човековите слободи и права во 2023 година](https://new.mia.mk/images/20231226163504_big_730x400_84.webp )
Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - Народниот правобранител Насер Зибери денеска на прес - конференција ќе ги презентира состојбите со човековите слободи и права во 2023 година.
Зибери, како што соопштуваат од неговата канцеларија, ќе даде осврт на бројот на примените претставки, на која област најмногу се однесуваат, соработката на релација Народен правобранител - Влада на Република Северна Македонија, соработката со Собранието и други актуелни теми. дма/са/
Фото:МИА архива