• среда, 03 јули 2024

Академија во МАНУ по повод 98 години од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција

Академија во МАНУ по повод 98 години од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - Свечена академија посветена на 98-годишнината од печатењето на Македонскиот АБЕЦЕДАР во Грција во 1925 година денеска ќе се одржи во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Организатори на академијата се Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението Сонцето од Кутлеш од Скопје.

Реферати на свечената академија ќе поднесат проф.д-р Нада Јурукова, проф.д-р Елка Јачева Улчар и проф.д-р Виолета Ачкоска. вј/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан