Промоција на Анализата за политичкото образование во Северна Македонија
- Експертска дебата за промоција на Анализата за политичкото образование во Северна Македонија ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Фондацијатa за демократија на Вестминстер и Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО).
Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - Експертска дебата за промоција на Анализата за политичкото образование во Северна Македонија ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Фондацијатa за демократија на Вестминстер и Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО).
На настанот е предвидено да се обратат, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, директорот на Бирото за развој на образование, Зекирија Хасипи, директорката на ВФД во Северна Македонија, Дона Костуранова и авторите на анализата, проф. д-р Иван Дамјановски, проф. д-р Ненад Марковиќ и проф. д-р Александар Спасов.
По обраќањата на министерот за образование и наука и директорот на Бирото за развој на образование ќе следат презентациите на авторите на анализата.
На дебатата се поканети претставници од граѓанскиот сектор кои работат во областа млади и образование, претставници на образовни институции, младински организации и меѓународни организации.
Настанот, како што наведуваат организаторите, ќе отвори простор за аргументација на потребата од политичко образование, компаративни искуства од областа на политичкото образование, како и модуси на кои истото би можело да се вклучи во нашиот образовен систем.
Анализата е изработена во рамки на соработката на ВФД со Претседателскиот центар за политичко образование, при Кабинетот на Претседателот Пендаровски. ац/нд/
Фото: МИА архива