Првото семејство со ретката болест „Фабри“ ќе прими терапија
- ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија информира дека денеска, првото семејство во државата, кај кое е дијагностицирана болеста „Фабри“ ќе почне да прима терапија.
Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија информира дека денеска, првото семејство во државата, кај коешто е дијагностицирана болеста „Фабри“ ќе почне да прима терапија.
Оттаму соопштуваат дека ќе почнат со третман „Ензимска заместителна терапија“ која првпат се применува кај пациенти со ретка болест Фабри.
- Станува збор за првото семејство во Македонија кај кое е детектирана болеста на Фабри, велат од ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија. ир/нд/
Фото: Скриншот