• четврток, 03 октомври 2024

Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, Трајанов на средба со Еди Гриф регионален советник од ЕУ за борба против тероризам/безбедност

Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, Трајанов на средба со Еди Гриф регионален советник од ЕУ за борба против тероризам/безбедност

Скопје, 12 септември 2024 (МИА) - Националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам Павле Трајанов, денеска остварил средба со Еди Гриф регионален советник од Европската Унија за борба против тероризам/безбедност со седиште во ЕУ делегацијата во Сараево.

Активностите поврзани со спречување на насилниот екстремизам, ресоцијализација, рехабилитација и реинтеграција на повратници учесници во странски војски, паравоени формации како и за поставеноста и ефикасноста на системот за борба против тероризмот, биле темите на кои се разговарало на средбата, соопшти владината прес-служба.

Во овие активности се вклучени 22 институции со поддршка на САД, ОБСЕ, Совет на Европа како и повеќе други држави и меѓународни фондации, голем број на невладини организации, верски заедници и други чинители.

- Заедничка оцена е дека Република Северна Македонија во целост ги имплементира донесените Национални стратегии за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам, акциските планови и другите приоритети согласно надлежностите. Република Северна Македонија го имплементира и заедничкиот акциски план за борба против тероризам во Западен Балкан, се наведува во соопштението.

На средбата присуствувале и Христо Тончев, политички советник во Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, како и претставници од други институции кои партиципираат во Националниот комитет за СНЕ/БПТ. цр/са/

Фото: Сектор за односи со јавноста
Генерален секретаријат

 

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан