• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Научен собир на ИКС „Наративна стапица: откривање на штетни(те) наративи кај политичарите и медиумите“

Научен собир на ИКС „Наративна стапица: откривање на штетни(те) наративи кај политичарите и медиумите“

Скопје, 27 март 2025 година (МИА) - Институтот за комуникациски студии денеска организира научен собир со дискусија. Темата на дискусијата ќе се заснова на деветмесечното истражување на ИКС Мерење на политички штетни наративи и на монографијата „Наративна стапица: откривање на штетни(те) наративи кај политичарите и медиумите“.

Како што информираат од ИКС, истражувањето и монографијата ги дефинираат не само комуникациските стратегии на политичките актери туку и растечката тенденција за негување негативен јавен дискурс.

Од ИКС посочуваат дека доминантната негативна реторика е дополнително засилена преку медиумите (телевизиите и онлајн медиумите) кои не ги почитуваат доследно новинарските професионални стандарди кога информираат за политичките случувања.

-На настанот посебно внимание ќе им се посвети на ефектите од ваквата јавна и политичка комуникација. Преку екстракција на зборовите со силен емоционален набој, авторките ќе сумираат каков психолошки отпечаток оставаат ваквите пораки кај публиката. Дополнително, со критичката дискурзивна анализа, истражувањето ги „улови“ неологизмите и јазичните иновации што ги пропагираат политичарите, создавајќи своевиден политички новоговор − и во македонскиот и во албанскиот јазик, се посочува во најавата на ИКС за настанот.фф/мд/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан