• сабота, 21 декември 2024

Натпреварот Романија - Косово прекинат поради напуштање на теренот на гостинските фудбалери

Натпреварот Романија - Косово прекинат поради напуштање на теренот на гостинските фудбалери

Букурешт, 16 ноември 2024 (МИА) - Натпреварот од Лигата на нации Ц-сегмент меѓу Романија и Косово синоќе не го дочека својот крајот. Прекинот во Букурешт настана поради тоа што косовските репрезентативци го напуштија теренот во последните минути од судиското продолжение по провокациите на романските навивачи. По долга пауза, судијата свирна крај сметајќи дека натпреварот е прекинат од гостинската екипа.

Од таборот на косовската репрезентација објаснија дека нивните фудбалери го напуштиле теренот, бидејќи скандирањата „Србија, Србија“ и Косово е Србија“ ги сметаат за провокација и расизам.

Репрезентацијата на Романија, без овој натпревар, се наоѓа на првото место во групата 2 со 12 бода. Косово е на второто место со 9 бодови. 

Се очекува одлука на Европската фудбалска федерација (УЕФА) која треба да решава и за евентуални санкции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан