• петок, 22 ноември 2024

НАТО ги отфрли руските барања да ги повлече своите сили од Романија и Бугарија

НАТО ги отфрли руските барања да ги повлече своите сили од Романија и Бугарија
Брисел, 21 јануари 2022 (МИА) - НАТО ги отфрли руските барања да ги повлече своите сили од Романија и Бугарија, додека дипломатските напори продолжија да се спречи војна во Европа, откако Русија собра десетици илјади војници во близина на границите на Украина. „НАТО нема да се откаже од нашата способност да се заштитиме и браниме меѓусебно, вклучително и со присуството на војници во источниот дел на алијансата“, наведе портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску во изјава. Москва побара правно обврзувачки гаранции од НАТО дека блокот ќе го запре своето проширување и ќе се врати на своите граници од 1997 година. Претходно денеска, руското МНР објави дека безбедносните гаранции што Москва ги бара од Западот вклучуваат одредби со кои се бара силите на НАТО да ги напуштат Романија и Бугарија. „Ние отфрламе каква било идеја за сфери на влијание во Европа. Секогаш ќе одговориме на секое влошување на нашата безбедносна средина, вклучително и преку зајакнување на нашата колективна одбрана“, нагласи портпаролката на НАТО. „НАТО е буден и продолжува да ја проценува потребата од зајакнување на источниот дел на нашата Алијанса“.

Остани поврзан