• недела, 19 мај 2024

Напредува изградбата на градската капела во Кичево

Напредува изградбата на градската капела во Кичево
Кичево, 16 март 2022 (МИА) - До почетокот на летото кај новите градски гробишта во Кичево треба да заврши изградбата на нова капела, која ќе биде изградена со средства обезбедени од ТАВ програмата во износ од 375.000 евра. Изградбата на капелата започна кон крајот на есента, кога беше поставена основата, но поради влошените временски услови работите беа ставени во мирување, а од почетокот на март продолжи изградбата. -Новата градска капела која почна да се гради на влезот од новите православни гробишта во Кичево, ќе биде завршена во наредните три месеци, според нашите планови и интензитетот на  градба. Деновиве поставена е и втора плоча и откако ќе биде поставена и трета плоча ќе почнат и ѕидарските работи. Средствата за овој капитален објект се обезбедени преку ТАВ програмата во износ од 375.000 евра и ќе биде еден од двата проекти кои ќе се реализираат во Кичево од ТАВ програмата летово, вклучувајќи ја и реконструкцијата на градскиот плоштад, истакна Љупчо Матески одговорно лице од компанијата изведувач на работата„ АС-Сењак“ од Кичево. По завршувањето на градежните работи, во внатрешноста на објектот ќе биде инсталирана и опрема за одржување на константна температура, а во нејзина непосредна близина ќе биде завршена и изградбата на нова црква што ќе го носи името„ Сестри Милосрдници“  каде во иднина ќе биде изграден и централниот влез за градските гробишта.за/вј/

Остани поврзан