• понеделник, 23 декември 2024

Наполи ќе се обиде да го врати Кавани на „Сао Паоло“

Наполи ќе се обиде да го врати Кавани на „Сао Паоло“
Неапол, 16 јуни 2020 (МИА) - Наполи ќе се обиде да го врати напаѓачот Единсон Кавани, кој е слободен агент уште од ова лето по истекот на неговиот договор со Пари Сен Жермен, пишува француското издание „Le10Sport“. Неаполитанците го контактирале „матадорот“ и ќе се обидат да го вратат на „Сан Паоло“. Триесет и три-годишниот Уругваец играше за Наполи во периодот 2011-13 и постигна 104 голови на 138 натпревари до неговиот трансфер во ПСЖ за 64 милиони евра. Интер и Атлетико Мадрид, исто така, се заинтересирани за Кавани.

Тагови

Остани поврзан