Напад врз автомобил и два објекти во Сиднеј неколку дена по нападот во Мелбурн
- Во Сиднеј е опожарен автомобил, а два објекти се испишани со графити против Израел, само неколку дена по нападот на синагога во Мелбурн, кој австралиските власти го оценија како терористички акт, соопштија австралиските функционери.
Сиднеј, 11 декември 2024 (МИА) - Во Сиднеј е опожарен автомобил, а два објекти се испишани со графити против Израел, само неколку дена по нападот на синагога во Мелбурн, кој австралиските власти го оценија како терористички акт, соопштија австралиските функционери.
Премиерот на Австралија, Ентони Албанeзе, го осуди најновиот напад - втор по ред во последните три недели во предградијата на Сиднеј, каде што живее голема еврејска заедница.
- Ова е напад врз луѓе само затоа што се Евреи. Идејата да пренесеме конфликт од друга земја тука е нешто што е целосно спротивно на вредностите врз кои е изградена Австралија... Ова е злосторство од омраза, изјави Албанeзе за „Еј-Би-Си Радио“. ссм/
фото: ЕПА